Рускиот производител на камиони КамАЗ го претстави најновиот камион-тркач наменет за истоимениот руски тркачки тим. Премиерата се одржа во Небрежније Челни каде што се наоѓа и седиштето на оваа руска компанија, а на настанот присуствуваа високи претставници на Република Татарстан како и директорот на компанијата Сергеј Чемезову.
Осмата генерација на овој камион нема многу разлики во однос на своите претходници, а новитет се неколкуте екстериерни измени и благиот рестајлинг на предната маска. Моќниот карактер на овој камион го креира моќниот шестоцилиндричен турбодизел мотор.
Инаку КамАз има богата тркачка историја која датира уште од 1988 година кога за прв пат се најде на тркачките стази. Својата слава ја доживеа на рели шампионатот Дакар каде со децении заслужено се наоѓа на врвот.
ИЗВОР: Russia Beyond