More
    HomeВестиИндустријаVolvo со рекордна продажба во првата половина од годината

    Volvo со рекордна продажба во првата половина од годината

    Објавено на

    Компанијата Volvo Cars соопшти дека во првите 6 месеци од 2018 година остварила рекордна продажба. Според податоците во првата половина од годината забележан е пораст од 14.4 проценти во однос на истиот период минатата година.

    Имено, во првите шест месеци од 2018 година, Volvo остварила продажба од 317.639 возила, што значи дека во текот на целата година може да се очекува продажба од над 600.000 возила. Ова ќе биде одличен продажен перформанс кој ќе соодејствува со стратегискиот план на компанијата која до 2020 година планира на годишно ниво да продава 800.000 автомобили.

    Продажбата во Европа се зголемила за 5.7 проценти во 2018 година, во Кина 18.4 проценти и одлични 39.6 проценти во САД. Продажбата во САД се очекува да расте уште повеќе, бидејќи неодамна започна со производство на новиот S60 седан.

    Овие перформанси се должат на одличните модели кои во последните две години шведската компанија ги лансираше како и бројните награди кои оваа година исите тие модели ги добија на национално, регионално и интернационално ниво. При тоа најголема заслуга за оваа бројка на продадени автомобили има XC60 со продадени 88.786 примероци, на втората позиција се најде V40 со 48.554 примероци, додека XC90 бил продаден во 47.658 единици.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...

    Погледнете колку Skoda Octavia може да помине со 1 литар гориво (ВИДЕО)

    Екипата на Car Throttle направи невообичаен тест со цел да одговори на прашањето колку...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ