Денеска со почеток од 17 часот на Лужники во Москва се игра финалниот натпревар на Светското Првенство помеѓу репрезентациите на Хрватска и Франција. По повод финалниот натпревар, хрватската старт ап компанија Rimac Automobili на својата Фејсбук страна објави пост со поддршка на Хрватска.
Иако овој пост наиде на симпатии кај поддржувачите на “Ватрените”, сепак не наиде на многу симпатии кај поддржувачите на француската репрезентација.