Citroen може да се пофали како креатор на уште иновација кога се во прашање автомобилите. Како што соопштуваат од таму, Citroen ги лансираше првите очила за релаксирање при долги патувања наречени SEETROËN.
Очилата не можат да го елиминираат чувството на надоаѓање на повраќање и на чувството на придушен слух но даваат решение за непријатно чувство при патување. Оваа хронична состојба се нарекува кинетоза и од неа страдаат повеќе од 30 милиони европејци. Едно од три лица ги имаат доживеано овие симптоми најмалку еднаш во својот живот.
Инспирацијата за ова решение доаѓа од првичното решение наменето за потребните на морнарите, а овој француски производител со инвестиција во дополнителен развој започнува со комерцијализација на истите. Овие SEETROËN очила ја користат технологијата Boarding RingTM, развиена од страна на start-up компанија од Јужна Франција. Овој парамедицински уред, е заштитен и тестиран, а има стапка на ефикасност од 95%.
Како што соопштуваат од Citroen, продажбата на овие наочари во Македонија се очекува да започне во октомври годинава.