Airbus BelugaXL го имаше своето деби пред повеќе од 10.000 луѓе во близина на седиштето на компанијата во Франција, Тулуз. Авионот полета од аеродромот во 14 часот и 24 минути по локално време летајќи 4 часа и 11 минути пред да се врати на копно. Она по што се разликува овој авион од останатите е неговиот изглед, односно предниот дел е изработен да наликува на кит.

Авионот е особено корисен за компанијата да пренесува големи авионски делови од своите производствени капацитети до просториите за склопување.

Во продолжение погледнете како изгледаше летот на овој авион: