На 66 годишна возраст во болница во Цирих почиња Серџо Маркијоне, до саботата прв човек на FCA и Ferrari.
Маркијоне ќе остане запаметен како човекот кој го спаси Fiat од банкрот по кризата која започна кон крајот на 90те, а кулминираше на почетокот на новиот милениум. Маркијоне се приклучи на Fiat во 2004 година непосредно по смртта на Џани Ањели. Веднаш по доаѓањето успеа да го реструктуира Fiat и со моделот 500 да ја врати оваа компанија на старите патеки.
Истовремено ја обавуваше функцијата прв човек на Ferrari под чија палка овој спортски италијански бренд успеа неколку години по ред да остварува рекордна продажба. Маркијоне, поради образованието и кариерата во САД и Канада одигра клучна улога во спојувањето на Fiat и Chrysler по што продолжи на функцијата на новата компанија FCA. Токму во овој период тој направи неколку крупни одлуки во враќањето на Fiat, Ferrari и Alfa Romeo на пазарот во САД и повторното заживување на Jeep и Chrysler.
Запаметен ќе остане по оптимистичките сценарија за Alfa Romeo како и повлекувањето на Lancia од европските пазари и продажба на овие автомобили само во Италија.
Во саботата Маркијоне беше разрешен од сите функции во FCA со образложение дека поради компликации во операцијата на левото рамо не е во можност да продолжи да ги извршува вообичаените функции во FCA.
Сочувство до семејството на Маркијоне до сега изразија премиерот на Италија, Џузепе Конте, министерот Матео Салвини, поранешните премиери Силвио Берлускони, Матео Ренци и Паоло Џентилони, а сочувство дојде и од McLaren, Torro Rosso, Juventus, Себастијан Фетел и многу други познати личности од светот на автомобилизмот и мотоспортот.