More
    HomeВестиКазна и одземање на возачката доколку возите со влечки

    Казна и одземање на возачката доколку возите со влечки

    Објавено на

    Казна од 50 евра па се до одземање на возачката на еден месец, ваква санкција може да ви изрече полицијата во Грција доколку ве затекне како го управувате вашето моторно возило со влечки или други широко отворени обувки.

    Оваа информација ја пренесоа грчките медиуми, повикувајќи се на законските регулативи од Министерството за Внатрешни работи на Грција. Како што наведуваат, поради проблемот што влечките може да го предизвикаат при маневрирањето на возилото и евентуалните дополнителни штетни последици, грчката полиција во летниот период активно ќе врши контрола на главните и регионалните патни правци се со цел да обезбеди зголемена безбедност.

    Во овие летни месеци, грчката полиција активно ги контролира сите сообраќајници, а без размислување казнува доколку возите со влечки, пушите во возилото во присуство на малолетни лица или го управувате моторното возило без да користите заштитен појас.

    Затоа препорака до сите оние кои во овие летни периоди ќе патувате кај нашиот јужен сосед да ги почитувате сите закони за управуање на моторно возило и сообраќај. Во спротивно ви се закануваат драконски казни, повисоки и од просечен седумдневен фамилијарен одмор на некое летувалиште на Халкидики.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...

    Погледнете колку Skoda Octavia може да помине со 1 литар гориво (ВИДЕО)

    Екипата на Car Throttle направи невообичаен тест со цел да одговори на прашањето колку...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ