Иако производството во фабриките на авто гигантите е строго чувана тајна, сепак за љубопитните, а особено за фановите на BMW, германскиот производител објави две минутно видео од производството на најновата серија 8.
Новата серија 8 која е наследник на моделот кој се произведуваше во периодот од 1989 до 1999 година, со производство започна оваа година откако претходно на саемот во Женева беше претставен продукцискиот модел.
Производството на овој модел се одвива во фабриката на BMW во градот Динголфинг, лоциран во Баварија, а како тоа изгледа можете да погледнете на видеото во продолжение.