Сосема очекувано, Ford Focus доби пет ѕвезди на Еуро НКАП тестот. На тестот кој се спроведе во рамките на Euro NCAP тестот новиот Focus со 1.0 мотор со тежина од 1.312 kg во сите четири параметри оствари одлични перформанси.
Со скор од 85% во однос на безбедноста на возачот односно возрасните овој модел е е третиот најбезбеден во однос на овој параметар по новата Fiesta и Galaxy.
Во однос на безбедноста на децата Ford Focus има скор од 87%, што на пример е подобар резултат во однос на BMW X3. 72% има остварено скор во однос на безбедноста на пешаците и 75% изнесува безбедносната асистенција односно безбедноста на околината што се навистина одлични резултати.
Со овој скор новиот Focus важи за еден од најбезбедните Ford автомобили.