Имате голема потрошувачка на гориво? Сакате да ја намалите истата? Во продолжение ви претставуваме 10 совети за тоа како можете да ја намалите потрошувачката на гориво:
- Возете со константна брзина, избегнувајте нагли застанувања и тргнувања
- Проверете го притисокот во гумите. Недоволно напумпани гуми значително ја зголемува потрошувачката на гориво.
- Сменете во поголема брзина кога моторот се наоѓа од 2.000 до 2.500 вртежи во минута.
- Не преоптоварувајте го возилото. Поголемото оптоварување значи поголема потрошувачка на гориво и поголеми емисии на штетни гасови.
- Ограничете ја употребата на електронска опрема. Поврзаните електрични апарати трошат енергија и гориво.
- Отстранете ја целата опрема што не ја користите, како што се шините за покрив и преградите за багаж што произведуваат коефициенти на повлекување.
- Исклучете го моторот кога возилото е запрено, на пример во сообраќајни метежи или додека чекате воз да помине.
- На автопат кога возите со голема брзина практикувајте прозорците да бидат затворени. Спуштени прозорци во овој случај значи поголема потрошувачка.
- Внимателно користета го клима уредот, особено при градски услови.
- Точете гориво од проверени бензински станици. Неквалитетното гориво може да значи и зголемена потрошувачка.