Mercedes G-Class изгради карактер со годините, а денес е една од оние машини кои излегле од власта и станаа легенди. По серијата помали надградби од нејзиното деби во 1979 година, веќе е време за втората генерација на оваа икона. Таа ќе биде претставена на 14 јануари за време на шоуто во Детроит, и Мерцедес прави сé што е можно да биде спектакуларно.
За таа цел, германците подготвуваат импресивна инсталација на синтетичка смола и Г-класа од 1979 година. Огромна коцка во боја е поставена на влезот на “Cobo Hall”. Блокот од 44,4 тони синтетичка смола е направен за 90 дена, и е вграден 280 GE во “динамична позиција”. Коцката има димензии од 5,50 до 2,55 метри и нејзината висина е нешто над 3 метри. Идејата на компанијата е да покажат дека некои автомобили како G-Class се толку големи, што ги пречекориле границите на епохата и остануваат во вечноста.
Новата G-класа ќе ги има “гените” на старата и ветува дека ќе биде слична на претходната, секако со најновата модерна технологија.