Голема несреќа се случи денеска во Италија. Огромен мост кој поминува низ Џенова се сруши откако како што велат сведоци мостот бил погоден од гром додека во градот имало невреме.
Дел 200 метри долгиот мост кој обезбедува брз проток на возилата низ северозападниот италијански град се срушил околу 11:30 минути по локално време кога во градот владеело вистинско невреме. Очевидците тврдат дека рушењето траело само неколку секунди, а возилата од 90 метри висина паѓале под мостот и во реката Торенте Полчевела при што загинале над 37 лица, најголем дел патници во возилата.
Италијанските медиуми пренесуваат дека оваа бројка се очекува да биде поголема бидејќи се уште трае операцијата за спасување.
Ова е втора голема несреќа во Италија за неколку дена. Минатата недела на автопат во близина на Болоња загинаа над 40 лица откако при судир експлодираше цистерна со запалива течност.