Kawasaki Ninja H2 и натаму е еден од најмоќните мотоцикли. Тоа е така благодарение на компресорот што го прави овој мотоцикл единствен во кој има вградено компресор, а благодарение на што достигнува до 200 КС.
Сега овој модел на Kawasaki станува уште помоќен па така од 200 КС сега има 231 КС. Со ram air може да достигне и до неверојатни 326 КС. Оваа моќност доаѓа и од зголемениот надпритисок на воздушното полнење на цилиндрите и сето тоа благодарение на компресорот.
Подновената Ninja добива и целосно нови пнеуматици Bridgestone RS11, а тука е и Stylern системот за ладење на плочките.
Визуелно, измената кај овој модел е новиот амблем, новата отпорна боја како и TFT инструменталната табла која овозможува Bluetooth конекција со мобилни уреди, а Rideology апликацијата овозможува очитување на бројни податоци како што е состојбата на гориво, состојбата на акумулаторот, сервисните интервали и слично.