На вашиот бизнис му е потребно товарно возило? Сакате да го обновите возниот парк на вашиот бизнис? Тогаш Olympia Motors Outlet е вистинското место за вас и вашиот бизнис. Тука можете да пронајдете одлична понуда на “млади” товарни возила кои во целост ќе му дадат безрезервна поддршка на вашиот бизнис.
Богатата понуда на товарни возила вклучува најразлични товарни возила од повеќе авто производители со различна носивост и технички карактеристики. Целокупната понуда се карактеризира со висок и проверен квалитет, а доказ за тоа е и ДЕКРА сертификатите кои ги поседуваат возилата.
Со цел обезбедување на беспрекорен квалитет, покрај на потеклото на возилата и нивната сервисна историја, сите автомобили пред да воведат во понудата поминуваат комплетен и детален преглед. Гаранцијата која Olympia Motors Outlet ја нуди за своите возила е вистински доказ за исправноста, функционалноста и севкупниот квалитет на возилата. Всушност понудената гаранција, меѓудругото, е она со што овој продавач на т.н. “млади” половни возила го издвојува од останатите.
Не само одличен квалитет, Olympia Motors Outlet ви нуди и одлични услови за финансирање. Така, вашето товарно возило можете да го купите и на 84 месечни рати, а добивате и гаранција, помош на пат и гратис сервис.
Повеќе за понудата на половни товарни возила погледнете ТУКА или посетете го продажно-изложбениот салон кој се наоѓа на Јадранска Магистрала 125 (Визбегово) и заедно со тимот на Olympia Motors Outlet одберете го следното ваше возило.