More
    HomeВестиМакедонијаПетиција: Воведување на камерите за задолжителна опрема на автомобилите

    Петиција: Воведување на камерите за задолжителна опрема на автомобилите

    Објавено на

    Секојдневно сме сведоци на бројни сообраќајни незгоди кои за жал завршуваат со смртни последици. Секојдневно сме сведоци на бројни прекршоци кои може да предизвикаат големи несреќи. Секојдневно сме сведоци како одредени неиживеани ликови се иживуваат врз своите автомобили и ја загрозуваат општата безбедност на сите чинители во сообраќајот.

    Секојдневно сме сведоци на тоа како виновниците во сообраќајните незгоди стануваат жртви токму поради тоа што имале големи врски во МВР. Секојдневно сме сведоци како мораме да платиме казна за прекршок кој не сме го направиле

    Со цел побезбеден сообраќај AutoKlub започна со петиција за задолжително користење на авто камера на предниот дел на автомобилот и опционално на задниот дел. Со ова ќе се зголеми безбедноста од проста причина што секој возач ќе има можност снимките на одредени тешки прекршоци во сообраќајот да ги достави до подрачни единици на МВР, а МВР ќе биде обврзано да постапи по истите.

    Со ова ќе се зголеми и нашата безбедност, а камерите ќе бидат основен извор на утврдување на причините за сообраќајните незгоди, а при тоа виновникот нема да се одбира врз основа на субјективни ставови на полицискиот службеник.

    Ова се само дел од овие причини поради кои AutoKlub ја започна оваа петиција која по комплетирањето ќе биде доставена до Министерството за Внатрешни Работи на Република Македонија како и Владата на Република Македонија.

    За да ја поддржите оваа петиција потпишете се ТУКА.

     

     

     

     

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...

    И за Rolls-Royce нема криза – зголемена продажбата во 2022 година

    Короната и воената интервенција на Русија во Украина која предизвика нови економски текови се...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...