Во срцето на Торино токму онаму каде што и започна приказната за Fiat, италијанскиот производител ја претстави новиот рестилизиран 500X. На заштитниот знак на поранешната престолнина на Италија, Моле Антонелиана, Fiat го проектираше своето лого и го најави новиот 500X.
Екстериерно, изменети се предните и задните светла кои сега добиваат LED технологија. Во внатрешноста има минимални измени, а новитет се бројните системи за безбедност и гласновни команди.
Лука Наполитано, првиот човек на брендот FIAT за ЕМЕА регионот ги промовираше и двата нови мотори кои доаѓаат со овој модел и тоа FireFly Turbo 1.0 и FireFly Turbo 1.3. Овие мотори ја дополнуваат постоечката понуда која ја сочинуваат уште и 1.4 литарски турбо бензински мотор, 1.6 E-Torq бензински и Multijet дизелски мотор како и 2.0 литарски Multijet турбо дизел.