На последниот голем европски саем за автомобили оваа година кој ќе се одржи во Париз од 4. до 14. октомври, францускиот производител ќе ја претстави JCC+ изведбата на популарниот C3.
Благодарение на големата популарност која се огледа во надочекуваните продажни перформанси, Citroen одлучи на овој саем да претстави несекојдневна изведба од C3. На екстериерот преоврладува црно-црвената боја со неколку детали во сина и жолта боја.
Истата комбинација на бои продолжува и во ентериерот каде има неколку дополнителни мали детали кои за нијанса ја прави внатрешноста посебна во однос на основниот модел. Внатрешноста всушност е иста како и кај Shine нивото на опременост односно JCC+ изведбата го поседува највисокото ниво на опременост.
Најзаслужен за дизајнот на овој автомобил е Jean-Charles de Castelbajac, а продажбата на оваа изведба започнува во ноември и тоа само преку интернет.