Доколку сте во потрага по автомобил, а воедно барате половни автомобили со одличен и проверен квалитет тогаш несомнено дека е потребно да го посетите продажно-изложбениот салон на Olympia Motors Outlet.
Покрај автомобили со ДЕКРА сертификати, одличен квалитет и проверено потекло, добивате и вистинска експертиза од продажните консултанти на Olympia Motors Outlet кои во целост ќе ви помогнат при изборот на вашиот иден автомобил.
Она што го добивате тука, а го нема кај останатите продавачи на половни автомобили се и одличните услови за купување на автомобил. Тука пред се се мисли на финансиските услуги кои ги добивате. Финансискиот лизинг кој Olympia Motors Outlet го нуди во соработка со финансиските институции, имате можност да купите автомобил на 60 месечни рати со минимално учество од 2.000 евра.
Покрај одличните услови за финансирање, со купувањето на вашето ново-половно возило добивате и гаранција како и помош на пат во секое време 24/7.
Во моментов понудата на Olympia Motors Outlet е составена од над 80 возила на лагер кои можете да ги погледнете ТУКА, а доколку не можете да го најдете вашиот омилен модел тогаш тимот на ОМО може да ви понуди посредување при набавка на возило од угледни европски лизинг куќи или нарачка на младо половно возило.