More
    HomeВестиОва се најпродаваните 10 модели за првите девет месеци годинава

    Ова се најпродаваните 10 модели за првите девет месеци годинава

    Објавено на

    Објавени се и официјалните резултати за продажбата во Европа за месец септември. Додека производителите ги бројат загубите поради падот на продажбата предизвикан од новите WLTP процедури, авто критичарите внимателно ги следат бројките поврзани со најпродаваните 10 модели во првите девет месеци годинава.

    Така повикувајќи се на податоците објавени од страна на JATO Dynamics и натаму најпродаван модел е Volkswagen Golf со вкупно продадени 345.814 автомобили во првите девет месеци. Втората позиција припаѓа на Renault Clio со продадени 260.297 автомобили додека на третата позиција се наоѓа уште еден модел од Volkswagen Групацијата. Станува збор за Volkswagen Polo, автомобил кој во првите девет месеци годинава се продаде во 228.257 примероци.

    Најдобрата петка ја сочинуваат уште и Ford Fiesta и Nissan Qashqai кои се продадени во 215.692 односно 194.932 примероци. Во продолжение се прикажани најпродаваните десет модели во Европа за првите девет месеци.

    1. Volkswagen Golf – 345.814 (-3%)
    2. Renault Clio – 260.297 (+5%)
    3. Volkswagen Polo – 228.257 (0%)
    4. Ford Fiesta – 215.692 (+10%)
    5. Nissan Qashqai – 194.932 (0%)
    6. Peugeot 208 – 179.756 (-1%)
    7. Volkswagen Tiguan – 178.875 (-1%)
    8. Renault Captur – 173.755 (+12%)
    9. Škoda Octavia- 172.666 (-1%)
    10. Opel Corsa – 169.674 (-11%)

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...

    Погледнете колку Skoda Octavia може да помине со 1 литар гориво (ВИДЕО)

    Екипата на Car Throttle направи невообичаен тест со цел да одговори на прашањето колку...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ