Менувачот, особено мануелниот, е многу сензитивен дел од нашето возило. При тоа, со нашите секојдневни навики често имаме негативно влијание врз истиот, па со тоа и животниот век значително му го намалуваме.
Како пет најчести грешки односно навики што ги правиме при возењето, а што имаат негативно влијание можеме да ги наведеме следните:
- Одмарање на нашата рака на менувачот. Честа грешка која ја правиме во секојдневното влијание. Со самото тоа што ја одмараме раката, вршиме притисок врз менувачот.
- Притискање на педалата за кумплуг кога чекаме подолго. Ова особено често се случува на семафори додека чекаме да се вклучи зеленото светло.
- Истоврмено подолго задржување на кумплугот и ножната кочница додека автомобилот се наоѓа на угорнина. При тоа ова има особено негативно влијание доколку истовремено автомобилот се наоѓа во брзина.
- Нагло забрзување со високи степени на пренос на менувачот
- Одмарање на левата нога на педалата за кумплунг