Аутомотив Груп, овластен дистрибутер и сервистер за Renault возилата во Македонија објави оглас за вработување за три работни позиции и тоа: авто-механичар, авто-лимар и лице за прием на возила.
За првата позиција меѓудругото потребно е минимум средно образование, работно искуство со моторни возила од три години, искуство со вулканизерски услуги, работно искуство со тестер за дијагностика и слично.
Повеќе за работната позиција Авто-механичар прочитајте ТУКА.
Минимум средно образование, работно искуство со лакирање и припремање на моторни возила од 3 години како и компјутерски вештини и возачка дозвола (Б-категорија) се потребните квалификации за работната позиција авто лакер.
Повеќе за работната позиција Авто-лакер прочитајте ТУКА.
За работната позиција прием на возила потребно е работно искуство од пет години со моторни возила, организациски способности, искуство со флотен менаџмент…
Повеќе за работната позиција Прием на возила прочитајте ТУКА.