Не само автомобилите туку и камионите се двигател на технолошките иновации. Доказ за тоа е создавањето на камион на водород од страна на Hyundai, нешто што сега му успева и на Nikola.
Овој новоетаблиран производител сега го лансираше камионот со назив Tre кој се придвижува благодарение на водородот. Така под кабината се наоѓа електромотор технологија со горивни ќелии во кои електромоторот со електрична енергија се напојува со помош на оксидација на водородот.
Моќноста на овој камион се движи од 500 до 1000 КС, а со еден резервоар ќе може да се помине 500 до 1200 километри. За непречено функционирање на овие камиони неопходна е и соодветна инфраструктура. За таа цел Nikola планира да направи околу 700 стании во Канада и САД до 2028 година.
Американскиот производител според пишувањата би требало од 2020 година да започне со тестирање на Tre низ повеќе европски земји додека во продажба се очекува да се појави во 2022 или 2023 година.