Италијанскиот производител на мотоцикли MV Agusta ја претстави новата генерација на четирицилиндарски спортски мотоцикл именувана како 1000 Serie Oro.
Овој мотоцикл располага со 205 КС, а во спортскиот пакет доаѓа и со 4 КС повеќе односно вкупно 209 КС, а голема благодарност има и титаниумскиот издувен систем кој ја продуцира оваа додатна моќноост.
Во однос на електрониката и технологијата, оваа генерација доаѓа и со 5 инчна TFT инструментална табла. осмостепената контрола за пролизгување, т.н. инерцијалната мерна единица, контрола за стартување и слично.
Тука е и подобрената аеродинамика, Brembo сопирачките проследени со 320 милиметарски предни дискови, TTX36 заден амортизер и каросерија изработена во целост од јаглеродни влакна што придонесува за значително намалување на тежината.
Овој спортски мотоцикл кој беше претставен во рамките на EICMA саемот кој се одржа во Милано ќе биде произведен само во 300 примероци што значи дека покрај пари за да бидете сопственик на овој мотоцикл потребно ќе ви биде и многу среќа.