Помалку од 24 часа беа потребни за Yamaha да ги распродаде сите примероци од најновиот модел YZF-R1 GYTR.
Јапонскиот производител пред само неколк уденови објави дека ќе овозможи прибирање на нарачки за ограничените 20 примероци од овој модел, а сосема очекувано истите беа резервирани за помалку од 24 часа.
Меѓудругото овој мотоцикл поседува издувен систем на Акраповиќ (Full Evro 2 Titanium), Brembo систем за сопирање, оклоп од јаглеродни влакна, Btidgestone гуми и слично.
Сето ова спакувано во супер мотоцикл ги чинеше купувачите 39.500 евра.
Yamaha YZF-R1 GYTR мотоциклот произлегува од основниот YZF-R1 или попознат само како R1. Овој модел јапонскиот производител за прв пат го воведе во 1998 година. Во меѓувреме беа лансирани дури осум генерации со што овој модел стана еден од најпродаваните мотоцикли на Yamaha.