More
    HomeГаражаСовети и едукацијаРСБСП со честитка и порака "Бидете внимателни и одговорни зад воланот за...

    РСБСП со честитка и порака “Бидете внимателни и одговорни зад воланот за време на новогодишните празници”

    Објавено на

    Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата (РСБСП) во пресрет на новата година и новогодишните празници упати честитка до сите возачи, но и апел за безбедно возење во текот на претстојните празници.

    Целосното соопштение објавено на официјалниот интернет сајт на РСБСП го пренесуваме во продолжение.

    Новогодишната еуфорија помалку или повеќе се чувствува кај секој од нас. Предновогодишните и новогодишните прослави се во полн ек. Кафеаните и кафулињата се полни, а раздвиженоста се чувствува и на плоштадите и во трговските центри. Тротоарите се преполни со пешаци, а гужвата во сообраќајот е составен дел од празничната атмосфера.

    Сите сакаат да ги поминат најубавите празници во годината, Нова Година и Божиќ, во позитивна атмосфера, со добра забава, во добро расположение и во друштво на најблиските, најсаканите и најдрагите. Онака како што доликува за Нова Година. 

    Но, за да останете весели и среќни и во добро расположение и во 2019 година, треба да го задржите разумот и свеста во овие весели и празнични денови.

    Добро познат факт е дека најмногу консумиран, а веројатно неизбежен и „одговорен“ за добра забава на секоја прослава е алкохолот. Некои велат, без алкохол, нема добра забава. Некои велат, консумирај одговорно и помалку и не е страшно, иако, најголем дел од граѓаните, многу добро ги знаат штетните последици од консумирањето алкохол. А за ризикот и за опасноста од возење во пијана состојба, нема кој не знае. И покрај тоа, пијаните возачи сѐ уште се присутни на патиштата и претставуваат сериозна закана за самите себе, но и за останатите учесници во сообраќајот. 

    РСБСП апелира: За добри и весели празници, за среќна и весела 2019 година – не управувај моторно возило под дејство на алкохол! Изборот е едноставен: доколку консумираш алкохол – не возиш, доколку возиш – не консумираш алкохол. Да, тоа е толку едноставно, а во суштина, спасува живот. Изборот е твој, а од твојот избор, зависи дали ќе ги поминеш празниците во добро расположение, ќе добиеш казна од полицијата и одземање на возачката дозвола, или пак ќе завршиш во болница или најстрашното – новогодишната ноќ за некого ќе заврши фатално. 

    Колку и да звучи неубаво, на некого можеби и делумно ќе му се расипе празничното  расположение, сепак таа е вистината, таа е реалноста и секогаш треба да бидете свесни за сериозноста од последиците и за ризикот на кој се изложувате доколку возите под дејство на алкохол.

    Ако немате некоја голема или неодложна потреба, најдобро е да го оставите возилото и да побарате друга форма на транспорт. Студеното време, ниските температури, замрзнатите и влажни коловози и маглата на патиштата, можат да ви направат проблеми. Затоа, најдобро е да користите такси или друг јавен превоз. 

    И не заборавајте: не му дозволувајте на пијан возач да вози и да ве вози! Не го доверувајте вашиот живот и вашето здравје, како и животот и здравјето на вашите најмили, на вашите најблиски, на човек под дејство на алкохол!

    Затоа, без изговори. Бидете внимателни и одговорни зад воланот за време на новогодишните празници. Фактот дека е период на празници, време на веселби, прослави,  и забави, не ви дава право да управувате моторно возило под дејство на алкохол. Напротив,  ова е период во кој возачите треба да ја покажаат на дело својата свесност и совесност.

    На сите учесници во сообраќајот, РСБСП им посакува среќна Нова Година, со желба за добро здравје и многу успех на секое поле, воедно повикува на разумно и одговорно учество во сообраќајот.

    Секој километар во 2019 година, нека ви биде безбеден и исполнет со љубов!

    ИЗВОР: РСБСП

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...

    Погледнете колку Skoda Octavia може да помине со 1 литар гориво (ВИДЕО)

    Екипата на Car Throttle направи невообичаен тест со цел да одговори на прашањето колку...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...