2018 година е и повеќе од успешна за Jaguar поточно електричниот модел I-Pace. По многубројните награди и признанија овој автомобил изминатата година забележа и одлични продажни перформанси.
Норвешка, Данска, Шведска, Германија, Белгија, Велика Британија и Франција се главните пазари каде овој автомобил оствари одлични перформанси, а на овие земји се приклучи и Холандија благодарение на одличните продажни перформанси во декември.
Така овој модел на Jaguar е најпродаван во Холандија за месец декември остварувајќи продажба од 2.621 автомобил што претставува пазарен удел од 13.2%. Покрај ова, во сегментот на електрични автомобили I-Pace држи неверојатни 98.3% што го прави вистински лидер.
Сепак оваа продажба во најголема мера се должи на зголемувањето на данокот за купување на луксузни електрични автомобили кој од 1 јнауари годинава изнесува 22% што е значајно зголемување од претходните 4%.