Откако претходно Rivian ги објави плановите за производство на првиот електричен пик-ап, во трката за ова се вклучи и Atlis Motor Vehicle кој планира веќе следата година да го лансира првиот електричен пик-ап на американскиот пазар.
Станува збор за моделот XT со робусни димензии – клиренс од 304 мм кај основната изведба и 381 мм кај off-road изведбата.
Цената на овој автомобил не е позната, но она што епознато е дека ќе биде достапен во кратка и продолжена варијанта со батерии од различен капацитет. Така во зависност од батериите овој пикап ќе има автономија од 483 па со до неверојатни 805 км, а полнењето на батериите ќе трае само околу 15 минути.
Со оваа мотористика, забрзувањето до 100 км/ч ќе изнесува само 5 секунди додека максималната брзина од 224 км/ч ќе придонесе да ова биде најбрзиот пикап на американскиот пазар.
Во внатрешноста воопшто недостасува модерната технологија. Тука се двата дигитални дисплеи осетливи на допир со Apple CarPlay и AndroidAuto, а возилото е опремено со најнапредна опрема во поглед на безбедноста и комфорноста на возењето.
Инаку Atlis Motor Vehicles е американската компанија формирана во 2016 година од страна на Марк Хенчет кој успеа во својата работилница да модифицира пикап со дизелски мотор во EV изведба.