Познатиот италијански призводител на мотоцикли Ducati е на чекор до почеток на производство на електричен мотоцикл.
Откако BMW го претстави автономниот мотоцикл, Harley-Davidson електричниот, италијанскиот производител кој е во сопственост на Volkswagen Групацијата со цел да остане во конкуренција работи на развојот на својот прв електричен мотоцикл.
Roadmap E е називот на иницијативата предводена од Volkswagen во која е предвидено и Ducati да добие електричен мотоцикл. Минатата година Едуар Лоте, директорот на компанијата изјави дека се спрема електричен мотоцикл без притоа да открие повеќе информации околу тоа.
Според пишувањата, премиерата на овој модел треба да се случи следната или во 2021 година. Во наредниот период се очекува да бидат објавени првите рендери и технички карактеристики.