Најголемиот американски производител на камионети, Ford, објави дека ќе започне со производство на електричен камионет.
Станува збор за камионет од F серијата односно F-150 кој ќе добие целосен електричен погон иако во 2015 година беше најавувана изведба со plug-in хибриден погон.
Џим Ферли, задолжен за глобалниот пазар за оваа дивизија на Ford, обелодени дека електричната изведба ќе пристигне на крајот на оваа, или најдоцна почетокот на следната година, а за таа цел во моментов се реализира инвестицијата од милијарда долари која е насочена кон модернизација на фабриките и технологијата на Ford.
Со реализацијата на овој план, Ford ќе парира на Teslа од каде минатата година најавија лансирање на електричен камионет.