Одлични продажни перформанси забележа чешка Skoda во изминатата 2018 година. Според официјални информации, во текот на целата година чешкиот производител успеа да продаде 1.253.700 возила што претставува најдобар продажен резултат во историјата на производителот.
Оваа бројка претставува зголемување од 4.4% во однос на 2017 година кога Skoda продаде 1.200.500 возила.
Интересен податок е тоа дека Skoda најмногу возила продаде во Кина и тоа 341.000 возило што споредбено со 2017 година претставува раст од 4.9%. По Кина, на втората позиција како најголем пазар е Германија со 176.600 возила и Чешка со 93.600 продадени возила.
Најпродаван модел изминатата година е Octavia со продадени 388.200 возила, следи Rapid со 191.500 и Fabia со 190.900 возила. Најпродаван SUV е Kodiaq со продадени 149.200 возила.
Имајќи ги во предвид инвестициите започнати изминатата година кои главно се насочени кон електричните возила и кинескиот пазар како и лансирањето на новиот хечбек Scala, аналитичарите очекуваат во текот на 2019 година да се продадат околу 1.500.000 возила.