Регулаторната Комисија за енергетика (РКЕ) на денешната седница донесе одлука за ново поскапување на горивата откако истото го стори и пред две недели.
Така цената на бензините од полноќ се зголемуваат за 1.5 денари па така цената на Еуросупер БС-95 од ноќеска ќе изнесува 62 денари за еден литар додека БС-98 ќе чини 63.5 денари.
Поскапува и Еуродизелот и тоа за 1 денар, па од полноќ ќе чини 60 денари за еден литар.
Оваа цена ќе се задржи во наредните две недели кога се очекува да се случи нова корекција.