More
    HomeАуто МиксИнтересноПо 35 години поминати во подрум Alfa Romeo Giulietta SZ продадена на...

    По 35 години поминати во подрум Alfa Romeo Giulietta SZ продадена на аукција

    Објавено на

    Интересна сторија ни доаѓа од италијанскиот град Торино. Имено, во ноември минатата година во запуштен подрум локалните власти пронашле Alfa Romeo Giulietta SZ од 1962 година.

    Овој автомобил во Blu Chiaro Metallizato боја бил во сопственост на извесен механичар, а автомобилот завршил во подрумот откако се расипал лифтот. Во меѓувреме овој механичар починал, но истиот не оставил тестамент.

    Така според законите во Италија, доколку за одреден имот не се пријават наследници по 25 години истиот се префрла во сопственост на регионалната влада, во овој случај Пиемонт. По ова овој автомобил кој е само еден од 217те произведени е продаден на аукција за 567 илјади евра, а парите собрани од оваа аукција ќе бидат донирани во најразлични цели.

    Во однос на техничките карактеристики, овој автомобил тежи само 785 килограми, а под хаубата располага со 1.3 литарски четири цилиндрен мотор со 100 КС. Максималната брзина која може да ја постигне изнесува 200 км/ч.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...

    Погледнете колку Skoda Octavia може да помине со 1 литар гориво (ВИДЕО)

    Екипата на Car Throttle направи невообичаен тест со цел да одговори на прашањето колку...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ