Јапонскиот MotoGP тим Monster Energy Yamaha MotoGP на специјален настан го претставија подновениот мотоцикл, Yamaha YZR-M1.
Валентино Роси и Маверик Вињалес кои ќе бидат возачите во новата сезона ја имаа главната улога во промоцијата именувана како “Beast Mode On” одржана во Џакарта (Индонезија).
Мотоциклот кој ќе го користи и малезијскиот Petronas Yamaha SRT тим за кого настапуваат Фабио Квартараро и Франко Морбидели, доаѓа со нови бои и стариот Monster Energy спонзор.
Овој мотоцикл е со тежина од 157 кг, должина од 2.060 мм и меѓуоскино растојание од 1.450 мм. Со подобрена предна и задна суспензија и вградени полесни делови, Yamaha цели кон врвот во овој шампонат подобрувајќи го досегашниот скор од 101 победа на 253 трки.
MotoGP шампионатот оваа година започнува на 10 март со трката во Катар, а во текот на годината ќе се возат вкупно 19 трки.