Минатата сезона по 33 години пауза италијанскиот спортски производител Alfa Romeo се врати на F1 натпреварувањата натпреварувајќи се заедно со швајцарскиот конструктор Sauber под името Alfa Romeo Sauber.
Во новата F1 сезона овој тим ќе се натпреварува под името Alfa Romeo Racing поотврдуваат првите луѓе на F1 тимот и Alfa Romeo.
“Го имам тоа задоволство да најавам дека новиот светски шампионат на Формула 1 за 2019 година го започнуваме под името Alfa Romeo Racing” изјави Фредерик Васер, директорот на италијанско-швајцарскиот тим. Тој додаде дека во новата сезона влегуваат амбициозно со унапредени технички, комерцијални и спортски перформанси. Своето задоволство го потенцираше и Мајк Менли, извршниот дидректор на FCA кој кажа дека е горд на соработката со Sauber.
Новата сезона во F1 шампионатот започнува на 17 март кога на програмата е трката за големата награда на Австралија која се вози на патеката во Мелбурн.