Во својата чешка фабрика во Млада Болеслав, Skoda го означи почетокот на производството на долго најавуваниот модел Scala.
Производството на наследникот на моделот Rapid започнува многу порано од претходно најавуваното кога се збореше дека производството ќе започне во втората половина годинава.
Овој компактен модел од C сегментот се темели на MQB A0 платформата која ќе биде користена и кај следниот најмал SUV во понудата на Skoda. Под хаубата овој автомобил ќе располага со 1.0 и 1.5 литарски TSI бензински мотор како и 1.6 литарски TDI дизелски мотор.
Продажбата на овој модел стартува од следниот месец.