Италијанскиот конструктор Toro Rosso го претстави новиот болид за претстојната сезона во Формула 1.
Новиот болид кој е со значителни надворешни измени е најавен со доста подобра аеродинамика и делови преземени од болидот на Red Bull. Целта е да се подобри пласманот од минатата година кога во конкуренција на конструктори заврши на деветтата позиција.
Директорот на тимот Франц Тост ги потенцираше амбициите за новата сезона, а тој е убеден дека со новиот болид како и со Александер Албон и Данили Квијат ќе може да се подобри конкурентноста на тимот.
Новата сезона во F1 шампионатот започнува на 17 март кога на програмата е трката за големата награда на Австралија која се вози на патеката во Мелбурн.