Италијанскиот производител Alfa Romeo кој по 33 години пауза минатата година имаше кам-бек во Формула 1 шампионатот, на свечен настан го претстави болидот за новата сезона во најпривлечното натпреварување во автомото спортовите.
На денот на заљубените, Alfa Romeo Racing како што е новиот назив на италијанско-швајцарскиот конструктор, го претстави болидот кој е во црно-црвена комбинација на боја со бројни шари на црвени срциња и познатата детелинка на Alfa Romeo.
Прв кој се најде зад болидот беше Кими Раиконен кој го започна тстирањето, а во наредниот период на него ќе му се приклучи и тимскиот колега Антонио Џовинаци.
Новата сезона во F1 шампионатот започнува на 17 март кога на програмата е трката за големата награда на Австралија која се вози на патеката во Мелбурн.