FH серијата на тешки товарни возила, шведскиот производител Volvo ги воведе во 1993 година. Оттогаш па се до денес во континуитет се дел од понудата на овој производител лансирајќи повеќе генерации, изведби и верзии.
Како замена за F серијата од 80те години, оваа серија предизвика вистински бум на пазарот на тешки товарни возила, а за тоа говори и фактот што денес овие камиони се произведуваат во 9 земји ширум свеетот и тоа: Шведска, Белгија, Австралија, Јужна Африка, Русија, Индија, Бразил, Иран и Египет.
Еден од повпечатливите камиони е изведбата 540 чиј тест е прикажан во продолжение.
ДИМЕНЗИИ И ДИЗАЈН
Екстериерот на овој модел е во голема мера инспириран како од останатите верзии од FH серијата. Предната маска, светлата со дневни LED светла во “L” формата, ретровизорите се речиси идентични како и кај останатите верзии.
Она што е впечатливо на прв поглед е пониската кабина споредбено со FH12, FH16 или останатите модели од понудата што можеби влијае врз перцепцијата за потценување на моќта и способностите.
FH540 доаѓа со 3.100 мм меѓуоскино растојание како и 1.035 литри резервоар.
МОТОР И ПЕРФОРМАНСИ
13 литарскиот D13C Euro 5 мотор е задолжен за придвижување на овој камион. При тоа овој мотор продуцира 540 КС при 1.450 вртежи во минута и 2.600 Nm.
Возењето е прилично опуштено, без многу напори во управувањето, со одлични, меки сопирачки. Големо влијание врз задоволството во возењето има и т.н. I-shift трансмисијата која е карактеристична за повеќето Volvo камиони.
На солидно ниво е и амортизацијата, а влегувањето во кривини и не претставува некој проблем.
ВНАТРЕШНОСТ
Комфорноста никогаш не е под знак прашалник кога е во прашање брендот Volvo, без при тоа да се прави разлика помеѓу патничките и товарните возила.
Карактеристично за шведскиот производител, на прво место е ергономијата која не влијае негативно при патувањето на подолги релации и не предизвикува замор кај возачот.
Скромнатаи инструментална маска која е во комбинација со дигитални и аналогни покажувачи како и централно поставената конзола со бројни команди кои се на лесен дофат, овозможуваат возачот да има целосен преглед при возењето и без напори да го контролира камионот.
Тука се и комфорните кожни седишта и задната кожна клупа. Околу се наоѓаат бројни кутии за складирање.
ВИДЕО
Повеќе околу овој модел со детален видео приказ можете да погледнете на видеото во продолжение.