Американската инжинерска компанија со фокус на роботиката на својот официјален YouTube канал под наслов “Mush, Sport, Mush!” објави видео на кое се гледа како кучиња-роботи придвижуваат камион со средна големина.
Овие роботи кои наскоро ќе влезат во сериско производство, го придвижуваат камионот на еден степен нагорнина, а за тоа искористени беа 10 кучиња-роботи.
“Тие роботи доаѓаат во производство наскоро и ќе бидат достапни за најразлична примена” изјавија кусо од компанијата.
Како сето тоа изгледаше можете да погледнете на видеото во продолжение.