Не само како лидер во производството и продажбата на патнички автомобили, Volkswagen е вистински лидер и кога се во прашање комерцијалните возила.
Доказ за тоа е јубилејот од 10 милиони произведени комерцијални возила што германскиот производител го прослави во својата фабрика во Хановер.
На Volkswagen потребни му беа 63 години за да дојде до оваа одлична бројка, а честа да се запише во корпоративната историја припадна на моделот Volkswagen T1 кој беше милионитото произведено возило на овој производител.
Понудата на Volkswagen вклучува повеќе од 20 најразлични комерцијални возила и како таква таа е лидер на европскиот пазар каде има најголем пазарен удел во повеќе сегменти.