Електричната технологија полека продира и кај лесните комерцијални возила. Меѓу првите производители што најави такви возила е PSA Групацијата.
Оваа мултинационална компаија во чија сопственост се брендовите Peugeot, DS, Citroen и Opel, најави дека моделите Peugeot Boxer и Citroen Jumper ќе ги понуди со електричен погон.
Како и досега, електричните изведби ќе се произведуваат во Италија, а во зависност од верзијата ќе имаат автономија од 227 односно 272 километри.
Според планот за комерцијални возила, овие два модели треба да се појават кон крајот на следната година кога ќе бидат претставени и електричните изведби на Peugeot Expert, Peugeot Partner, Citroen Jumpy, Citroen SpaceTourer како и претходно најавениот Opel Vivaro.
Цените и останатите технички спецификации ќе бидат дополнително објавени.