Најпопуларните комерцијални модели на Renault, моделите Master и Trafic добија освежен екстериер и нова напредна технологија.
Францускиот производител преку официјално соопштение ги објави новитетите поврзани со овие два модели. Она што е впечатливо на прв поглед се новите предни светла во формата “C” какви што има и кај дел од патничките возила.
И одредени елементи во внатрешноста се “украдени” од патничкиот програм на Renault, а тука се вградени и поквлитетни материјали при што големо внимание е посветено на завршната доработка.
Подновените модели доаѓаат и со бројна напредна технологија. Така тука се предните и задни паркинг сензори, сензорите за мртва точка, автономното кочење, предупредување за напуштање на коловозна лента и слично.
Во понудата се воведува и новиот 2.3 литарски дизелски мотор кој продуцира 178 КС, а доаѓа во комбинација со мануелена и автоматска трансмисија. Од Renault исто така најавија и електрична изведба на моделот Master кој ќе има досег од 121 километар.