Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар на тема “Правен аспект на договорите за превоз и шпедиција – права, обврски и видови докази низ призмата на судската пракса”.
Еднодневниот семинар ќе се одржи на 30.05.2019 година (четврток) со почеток од 10 часот во просториите на Стопанската комора на Македонија. Главна цел на овој семинар ќе биде разработка на договорите за превоз на стоки и шпедиција, согласно видот на правата и обврските кои произлегуваат од нив и доказите кои се неопходни за разрешување на спорните прашања во текот на судските постапки. Предмет на разгледување ќе бидат одредбите од Законот за облигациони односи кои се заеднички за сите видови договори кои се среќаваат при реализацијата на услугата транспорт на стоки, ќе се анализираат поединечните одредби и ќе се посочи на особената важност на одделни права и обврски на превозникот или шпедитерот, нивната застапеност во споровите од трговското право.
Повеќе за програмата и пријавувањето можете да прочитате ТУКА.