По саемската премиера која се одржа во март годинава во рамките на саемот во Женева, италијанската компанија Automobili Pininfarina го претстави моделот Battista и на саемот во Торино.
По Женева ова е вториот саем каде овој модел е претставен и тоа не случајно е избран овој саем бидејќи токму и во Торино се наоѓа седиштето на оваа компанија.
Називот “Battista” доаѓа од името на основачот Battista Pinin Farina кој во првата половина од минатиот век го основаше дизајнерското студио во Торино.

Од претходно е познато дека овој супер моќен автомобил ќе располага со 1.900 КС, а до 100 км/ч ќе забрзува за помалку од две секунди што го прави најбрз автомобил во Светот.
Дали сте знаеле!? Нино Фарина, внукот на Батиста “Пинин” Фарина е првиот освојувач на титула во Формула 1 шампионатот.
При тоа, овој автомобил благодарение на електричниот погон нема да емитира штетни гасови. Со полниот капацитет на 120 kWh Li-ion батеријата ќе може да помине и до 450 км со едно полнење.

Од компаниајта наведуваат дека првите испораки на овој автомобил ќе ги направат следната година. При тоа потенцираа дека ќе бидат произведени до 150 автомобили, сите рачно изработени во работилницата на Pininfarina во Торино, Италија.