More
    HomeВестиНовитетиFord Puma - новиот градски шмекер

    Ford Puma – новиот градски шмекер

    Објавено на

    Нема повеќе мистерија, се е на виделина. По неколку месечна сага, Ford конечно и официјално го претстави новиот модел Puma. И на прв и на втор поглед, заклучокот е ист, Puma е новиот шмекер на градските улици.

    Овој модел се темели на фордовата глобална B платформа, истата онаа која се користи и кај актуелната генерација на Ford Fiesta. Земајќи го во предвид тоа, но и димензиите, Puma во понудата на најголемиот американски производител ќе се позиционира над овој модел, но под Ford Focus.

    Централното место го зазема 1.0 литарскиот трицилиндрен EcoBoost мотор кој во mild hybrid верзијата доаѓа со 48 волтен систем кој испорачува од 125 до 155 КС во зависност од верзијата.

    НАДВОРЕШНОСТ КОЈА ОСВОЈУВА

    Она што остава впечаток на прв поглед е екстериерот. Во изминатите месеци кога Ford “срамежливо” објавуваше тизер фотографии не можеше јасно да се види надворешноста многумина сметаа дека истата ќе биде само копија на Ford Fiesta.

    Сепак тоа не е така. Освен предната маска на ладилникот, останатите детали произлегуваат од новиот дизајнерски јазик што дизајнерите на Ford го употребија исклучиво кај овој модел.

    Линијата која од предните светла под прав агол се движи кон задните врати и преминува во заоблени косини на кои се додаваат задните светла, сето тоа зачинето со внимателно дизајнираните предни и задни браници придонесува да овој модел со право го добие епитетот урбан заводник.

    ДОКАЖАНА ВНАТРЕШНОСТ

    Внатрешноста е “украдена” од новата генерација на Fiesta. Доминира централно поставениот 8 инчниот екран осетлив на допир кој овозможува бројни можности на возачот и патниците. Како дел од стандардната опрема се наоѓаат и Android Auto и Apple CarPlay системите за интеграција со паметни уреди.

    Во зависност од нивото на опременост Ford Puma ќе биде достапен и со 12.3 инчен дигитален екран наместо традиционалната инструментална табла.

    Не треба воопшто да се стави под знак прашалник квалитетот на внатрешноста. Внимателно одбраните квалитетни материјали како и ергономските седишта придонесуваат да се добие чувство дека внатрешноста доаѓа од автомобил од премиум сегментот.

    КОМФОРНОСТ И ПРОСТРАНОСТ

    Со рекордни 456 литри багажен простор и тоа само на првото ниво, овој автомобил и тоа како гарантира огромна пространост за вашиот багаж. Капацитетот значително се зголемува доколку се тргне преграта за долното ниво како и доколку се спуштат седиштата од задна клупа.

    Сето ова овозможува Puma покрај за градските средини да е одличен сопатник и на долги релации.

    БОГАТА ОПРЕМА

    Со овој модел доаѓа и богатата опременост. Напредната технологија си го прави своето па покрај активниот темпомат овој модел доаѓа и со систем за автоматско сопирање, систем за детекција на пешаци, помошен систем за одржување на автомобилот во лента, греење на седишта со можност за масажа, а тука е и интелигентниот CoPilot360 на Ford кој може да функционира во услови на градска гужва кога е потребно често да се придвижува и сопира автомобилот.

    Секако, тука се и паркинг сензорите, сензорот за мртов агол, задната паркинг камера, сончевиот крво, воздушните перничиња, автоматската двозонска клима и многу друго.

    Посветеноста на Ford кон купувачите се огледа и во слободата што Ford им ја дава на купувачите во поглед на персонализацијата. Така купувачите на овој автомобил ќе имаат слатки маки во изборот на бојата бидејќи достапни се дури десет видови на боја и тоа: Blazer Blue, Frozen White, Race Red, Solar Silver, Agate Black, Lucid Red, Grey Matter, Desert Island Blue, Magnetic и Metropolis White.

    PUMA ОД 90-ТЕ

    А целата приказна околу Puma започнува во 90-те години на минатиот век. Имено, во 1997 година од фабриката на Ford во Келн излезе првиот автомобил под овој назив. Станува збор за спортското купе кое се базира на B платформата на Ford. Со должина од само 3.984 мм, и со привлечен спортски изглед, овој автомобил беше особено популарен кај младата популација.

    Сепак поради тесната целна група, но и другите трендови кои беа присутни во 2000-те години, овој автомобил на пазарот се задржа се до 2002 година.

    Форд Пума од 1999 година

    И поркај тоа овој автомобил во периодот од 1997 до 2002 година се здбои со бројни награди и признанија, особено во Велика Британија. При тоа, во 2011 година еминентниот британски магазин What Car? го прогласи овој автомобил за најдобар половен автомобил под илјада британски фунти.

    ВО ПРОДАЖБА ОД ГОДИНАВА

    Иако нема официјална потврда од страна на Ford, производството на овој модел ќе започне во ноември годинава, а ќе се извршува во фабриката на Ford во романскиот град Крајова, место каде во јуни годинава заврши производството на EcoSport.

    Тоа значи дека првите примероци од овој модел ќе бидат испорачани во декември. Засега непознаница останува и цена, а истата се очекува да биде обелоденета во септември кога овој модел ќе ја има и саемската премиера во Франкфурт.

    Цената се очекува да биде на ниво како и конкурентите како што се Nissan Juke, Seat Arona и VW T-Cross.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...

    И за Rolls-Royce нема криза – зголемена продажбата во 2022 година

    Короната и воената интервенција на Русија во Украина која предизвика нови економски текови се...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...