More
    HomeВестиНовитетиKia XCeed - новиот урбан кросовер

    Kia XCeed – новиот урбан кросовер

    Објавено на

    По Stelos, Kia овој месец претстави уште еден SUV. Станува збор за кросовер изведбата на моделот Ceed кој доаѓа со префиксот X односно како XCeed.

    Специјално дизајниран и развиен за европскиот пазар XCeed има за цел да ја збогати SUV понудата на Kia. Така овој модел ќе биде петтиот SUV во понудата, по Stonic, Sportage, Sorento и Niro, а ќе се позиционира помеѓу Stonic и Sportage.

    Како надополнување на Ceed, Ceed SW и Ceed Shooting Brake, XCeed доаѓа како алтернатива за скапите и луксузни BMW X2 и Mercedes GLA, па поради тоа во овој модел јужнокорејскиот производител положува големи амбиции во однос на продажбата особено во земјите од Централна Европа.

    Споредбено со Ceed, овој модел е за 85 мм подолг, 43 мм повисок и 26 мм поширок. Оттука вкупната должина изнесува 4.395 мм, висината 1.490 мм додека пак ширината 1.826 мм.

    Во поглед на надворешноста, XCeed очекувано е инспириран од основната хечбек изведба. Доминира препознатливата тигреста маска, задните LED светла се во целост преземени, а измена има исклучиво во предните светла кои се со нецелосно дефиниран облик.

    Сето останато е исто, вклучувајќи ги фелните, браниците па и боите во кои ќе биде понуден.

    НАЈГОЛЕМ, НАЈПРОСТРАН, НАЈКОМФОРЕН

    Токму поради димензиите овој модел во однос на останатите од семејството Ceed ќе нуди најголема пространост, а со тоа и комфорност.

    Внатрешноста делува за ниво поквалитетно од основниот Ceed, а споредбено со оваа изведба, XCeed доаѓа и со поголем екран осетлив на допир.

    За задоволството на возењето и патувањето да биде на извонредно ниво заслужни се ергономските седишта, пространоста, бројните системи за асистенција на возачот (паркинг сензори, задна камера, систем за предупредување од фронтален судир, систем за детекција на мртва точка и замор на возачот…), но и за безбедност (предни, странични и воздушни перничиња за нозете на возачот).

    Во однос на багажниот простор, минималниот волумен изнесува 426, а истиот може да нарасне драстично доколку се спушти задната клупа.

    ИЗБОР ПОМЕЃУ ЧЕТИРИ МОТОРИ

    Во однос на понудата на мотори XCeed доаѓа со истите како и Ceed и Stonic. Тоа значи дека XCeed ќе биде достапен со три бензински и два дизелски мотор.

    Се започнува со 1.0 литарскиот T-Gdi трицилиндрен бензински мотор со 120 КС. Тука се и помоќните 1.4 литарски и 1.6 литарски четири цилиндарски бензински мотори со 140 односно 204 КС.

    Единствениот дизелски мотор е со 1.6 cm³ и продуцира максимални 136 КС. Послабиот мотор продуцира максимални 115 КС. Сите мотори ги исполнуваат Еуро 6 стандардите.

    Покрај овие традиционални мотори, XCeed ќе биде понуден и со plug-in хибриден погон. Оваа верзија се очекува да пристигне во првиот квартал следната година.

    ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА ВО ЕВРОПА

    Производството на овој модел се очекува да започне кон крајот на септември годинава откако претходно ќе ја има саемската премиера во Франкфурт. Како и основната хечбек изведба така и овој SUV ќе се произведува во Европа, поточно во фабриката во близина на словачкиот град Жилина.

    Цената засега не се открива, но се очекува истата да изнесува околу 16 илјади евра за моделот со основно ниво на опременост.

    Во однос на гаранцијата, како и останатите модели така и овој доаѓа со глобалната седум годишна гаранција или до 150 илјади километри.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...

    И за Rolls-Royce нема криза – зголемена продажбата во 2022 година

    Короната и воената интервенција на Русија во Украина која предизвика нови економски текови се...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...