Volkswagen Групацијата никако да се стабилизира по скандалот Дизелгејт.
Покрај зголеменото ниво на штетни издувни гасови, Audi како дел од најголемиот германски производител има уште еден технички проблем поради што мора да повлече 265 илјади возила од САД.
Станува збор за проблем со воздушните перничиња.Така кај одредени возила од моделите А3 (произведени од 2015 до 2019), S3 (од 2015 и 2016) и RS3 (од 2017 до 2019) да имаат проблем со електричниот конектор кој може автоматски да ги деактивира воздушните перничиња.
Претставништвото на Audi во САД од 18. август ќе започне со повлекување на спорните модели при што целата операција ќе падне на товар на германскиот производител.