Во 2010 година во Шензен (Кина) BYD и Daimler AG ја формираа компаниајта Denza, а сега, неколку години подоцна доаѓа уште еден концепт, плод на заедничката соработка.
Станува збор за концептот X за чиј дизајн беа задолжени дизајнерите од Центарот за дизајн на Mercedes-Benz. Овој концепт доаѓа во целосно електрична како и plug-in хибридна изведба.
Според објавените технички карактеристики, целосната електрична изведба до 100 км/ч ќе забрзува за речиси 5 секунди, а автономијата изнесува 500 км.
Овој концепт својата продукциска изведба ќе ја добие во текот на следната година. Иако цената не е позната, она што е сигурно е дека ќе се продава само во Кина.