Регулаторното тело при Европската Унија соопшти дека отвори истрага против финансиската поддршка што Шпанија ја има дадено на PSA Групацијата.
Спорен е грантот од 20.7 милиони евра што Владата на Шпанија го даде на францускиот производител како помош за производствените операции што ги спроведува во северот на земјата.
Овие пари се надополнение за веќе инвестираните 500 милиони од страна на PSA Групацијата во новата призводствена линија во фабриката во близина на Виго.
Според законските регулативи финансирањето на државата на одредени правни субјекти може да влијае врз фаворизирање на компанијата, а со тоа и финансирање на нелојална конкуренција. Доколку се докаже дека Шпанија ги прекршила регулативите ќе следи казна како за самата земја така иа за француската групација.