PSA Групацијата на изминатиот саем на комерцијални возила во Бирминген објави дека моделот Peugeot Boxer ќе добие електрична изведба. Поради самиот факт што Ducato се произведува во иста фабрика како и Jumer и Boxer, а при тоа се темели на истата платформа и технологија, за очекувње беше идентична вест да објави и италијанскиот прозиводител.
Тоа и се случи, па така од 2020 година во гамата на Fiat Professional ќе дојде и првото електрично возило. Станува збор токму за моделот Ducato кој ќе добие и нови традиционални мотори.
Повеќе од сигурно е дека ќе биде користена истата техноогија како и кај Peugeot Boxer и Citroen Jumper па оттука се очекува автономијата да изнесува до 272 километри кај L3 и L4 подизведбите.
Во понудата ќе дојде и со нов 2.3 литарски MultiJet мотор со 120, 140, 160 и 180 КС. Со ова овој модел во целост ќе ги пресретне ЕУРО 6 стандардите.